а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

проблематизира

проблематизираат; проблематизирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 26178
1. Направи нешто да се појави како проблем; отвори прашање што треба да се реши.
Англиски: expound Германски: problematisieren Албански: problematizoj
Примери:
Настанот го проблематизира почетокот на преговорите.
Со поставеното барање го проблематизираа веќе доставениот заклучок.
2. Разговара, реши, решава проблем или прашање.
Англиски: expound Германски: problematisieren Албански: problematizoj, debatoj
Примери:
Проблематизираа околу планот за идната година.
3. (се проблематизира) Стане, станува проблем, се усложни, се усложнува, се комплицира.
Англиски: complicate Германски: problematisieren Албански: problematizoj, komplikoj
Примери:
Ситуацијата се проблематизира.
Изведенки
проблематизирање ср.
глаг. им.